Модната куќа Calvin Klein ја лансира новата кампања под креативно водство на дизајнерот Раф Симонс. Во промотивната фотосесија, снимена од Вили Вандерпер, како заштитно лице на Calvin Klein By Appointment се појавува ѕвездата на серијата Stranger Things, Мили Боби Браун, како и нејзината колешка Аби Ли и моделите Линеси Монтеро, Кики Вилемс, Џулија Нобис, Натали Вестлинг, Селена Форест и Теса Брунсма.
- Calvin Klein By Appointment 1-14 ја слави американската жена и американската модата-вели Раф Симонс, новиот главен кеативен директор на „Келвин Клајн“. Тој нашол инспирација во 20-тите години и модата од 50-тите. Секоја од креациите настанала во Њујорк, а акцент е ставен на везовите и кројот.
Нема коментари