Актерката Мила Кунис за првпат се појавува на црвениот килим по раѓањето на нејзината ќерка Вајат и изгледа фантастично во црн корсетиран фустан со волуменозно здолниште од „Долче и Габана“, кој е одлично кроен и одговара на силуетата на младата мајка. Кунис пред се породи пред четири месеци, а веќе вчера се појави на лосанџелеската премиера на својот филм „Јупитер се качува на тронот“, дело на Енди и Лана Вачовски, творците на „Матрикс“, а во кој глуми покрај Ченинг Тејтум и Еди Редмејн. Мила фустанот од „Долче и Гавбана“ го стилизираше со сандали од Кристијан Лубутан и накит од Gemsfield.
Нема коментари