Со новата колекција наречена Girls night out за пролет-лето 2016 година, дизајнерката Мила вчеравечер го отвори нејзиното новото ателје во скопската населба Карпош 3. Могубројните новинари, личности од јавниот живот и редовните клиенти на MCouture by Mila Kadriu во новиот креативен простор имаа можност да видат вкупно петнаесет креации.
-Колекцијата Girls night out е посветена на ноќниот живот. Ја создадовме за сите урбани девојки кои во своите вечерни излегувања сакаат да внесат гламур но и едноставност во облеката која ја носат. Низ колекцијата доминираат златната, белата и темно сината боја надополнети со бели, бледо розеви и црни детали. Чипката и кожените детали се провлекуваат низ дизајнот на геометриските форми – вели за својата нова колекција Кадриу.
За шминката на манекенките се погрижи Зоран Шурбевски со тим на мејкап артисти, додека за фризурите беа задолжени Војкан Андреевски од студиото за убавина Fashion VA и Studio Mio. На отворањето беше презентиран и најновиот официјален каталог-сублимат од последното тринаесетто издание на Моден викенд Скопје, сезона пролет-лето 2016 година.
Нема коментари