Актерката Мила Јовович ја продолжува соработката со италијанскиот бренд Marella и во новата рекламна кампања за колекцијата за пролет-лето 2015. Таа по седми пат е заштитно лице на Marella, а на новите фотографии прикажува дамски изглед на малку понеконвенционален начин. Колекцијата содржи современи дизајни на класичните парчиња облека, интензивни бои и графички принт.
Нема коментари