Италијанскиот моден бренд „Марела“ кој спаѓа под групацијата на „Макс Мара“ и важи за еден од полуксузните што постои и на нашиот пазар, повторно ја ангажира Мила Јовович во својата рекламна кампања за пролет-лето 2014. Актерката и поранешна манекенка позира во едноставни, но квалитетни парчиња кои се одлика на брендот и потполно ја следат философијата на компанијата да создава облека во Италија врз принципите на традиционална италијанска изработка и крој.
Соработката меѓу Мила и „Марела“ започна во 2012 година, а за новата пролетна сеона брендот креираше осовременети верзии на иконските парчиња од 60-тите години, како трапезоидни фустани и палта со три-четврт ракави, а предлага и неколку комбинации неопходни во женската гардероба, особено костими со класичен машки крој, но со ултра женствени детали како ткаенина со принт на питон. Фотографиите во елегантно-софистициран манир ги направија Инез ван Ламсверде и Винуд Матадин.
Нема коментари