Во овој преоден период од зима во пролет кога времето е променливо, најчесто ги балансираме зимските палта и јакни со првите потенки парчиња како пролетните фустани и здолништа. Премногу е рано да ги оставиме топлите палта, но веќе се ослободивме од дебелите џемпери, панталоните и здолништата од подебел штоф. Да, ова е периодот кога мешаме зимски и пролетни модни парчиња – комбинирање на потенки, пролетни фустани со топли капути, teddy-бундички или подебели јакни. Дополнителни детали за загревање се чизмите и ролките кои може да се носат под фустаните. Опција е и ролка со миди здолниште под капут. Трендсетерките сакаат да носат панталони под летните фустани, но ако тоа е премногу екстремно за вас, панталоните заменете ги со дебели грилон-хулахопки.
Нема коментари