Италијанската дизајнерка Стела Џин препознатлива по колоритни креации полни со оптимизам, за сезоната пролет-лето 2014 нуди спој на навидум неспоиви шари и бои. Но, сето тоа е умешно направено и создава совршен изглед. Во своите модели Стела храбро употребува линии, коцки, графички шари и овошен принт, како и интензивни бои, но и културни референци преку африканска инспирација. Имено, дизајнерката за колекцијата користи ткаенини рачно изработени од страна на жени од Буркина Фасо, а кои ги добила со посредство на агенцијата на Обединетите Нации, Центар за меѓународна трговија. Колекцијата во однос на формата е инспирирана од 50-тите и 60-тите години и изгледот на оние што летуваат во Италија и на француската ривиера, а покрај активистичката цел на дизајнерката да вметне ткаенини рачно изработени во Африка, нејзините модели ќе г о разиграат вашиот стил преку миксот на контрасни бои и отпечатоци.
Нема коментари