На стартот на Париската модна недела Џон Галијано ја прикажа втората претапорте колекција за Maison Margiela,наменета за сезоната пролет-лето 2016. Ревијата се одржа во голема бела просторија со долга метална писта на која прошетаа манекенките во облека која е микс на дамски стил од 50-тите, футуризам и влијанието од Истокот. Во првиот дел во креациите доминираат белаи сребрена боја, се забележуваат референци дневната облека и женските костими од 50-тите, но во научно-фантастични мотиви. Во вториотдел Галијано во воведува бои и се навраќа на една од своите омилени инспирации – јапонскиот фустан. Фризурите на манекенките се драматични, шминката во тиркизни тонови, а неколку женски изгледи ги носат машки модели. Додека порано Галијано обожаваше да се појавува на крајот на ревијата и драматично со перчење и позирање да се поклони пред публиката, сега остана зад сцената, како омаж на мистериозниот и анонимен Мартин Марџела, кој ја основа модната куќа за која сега работи дизајнерот.
Нема коментари