Се чини дека оваа зима нема колекција на „хајстрит“ брендовите, ниту пак трендсетерка без барем едно карирано парче. Сивите модели со шаховска шара доинираат и во социјалните мрежи на кои секојдневно се појавуваат интересни зимски комбинации. Со овој дезен најносени се палтата, панталоните и фустаните, а сè почесто и здолништата.
Покрај кусите модели и молив верзиите, актуелни се миди здолништата со преклоп. Еден од најносените и омилен во секојдневната улична мода е миди карираното здолниште со преклоп и три копчиња на „Зара“. Инфлуенсерките најчесто го носат со трендовска плетенеролка,во црна, темновиолетова, темноцрвена или црна боја.
Се среќаваат комбинации и со сив или колоритен џемпер со нагласен волумен и со бисерни додатоци. Може да се спои и со кошула за во канцеларија, или пак со тренерка во покежуал варијантите. Добро стои со високи чизми, и чорапа модели на потпетица, а симпатични се и спојките со патики. Покрај познатие блогерки, во ваков модел неодамна се појави и ќерката на американскиот претседател,Иванка Трамп, која го искомбинирала со жолт џемпер.
*Не е дозволено пренесување на содржината на
www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари