По успешната соработка на колекциите за преходните две сезони, холивудската актерка Мишел Вилијамс пак промовира чантите на францускиот бренд „Луј Витон“. Во пастелната фотосесија се преставени есенските модели во небесно сина, нежнорозова, а ла магнолиа нијанса и песок-бела боја. Станува збор за моделоте capucine и lockit, кои се со висок квалитет и модерен изглед. Брендот и за овие промотивни фотографии соработуваше со Питер Линдберг. Стајлингот на актерката, со препознатливата куса руса коса, ево стилотна 60-тите, со бела ролка, краток бел фустан и темнокафено џемперче.
Нема коментари