Првата дама на САД во заминување, Мишел Обама, со стил и насловна во декемврискиот број на Vogue се збогува од Белата куќа. Фотографиите ги сними славната Ени Лејбовиц, а стајлингот е на Тони Гудман. На насловната носи бел фустан од Каролина Херера и обетки од Monique Péan. Во едиторијалот 52-годишната сопруга на Барак Обама е елегнатна, со отмени тоалети и накит.
-Ќе го имам истиот пристап при заминување, како и на доаѓањето во Белата куќа. Не знам како ќе биде сè додека не стигнам таму. Никогаш претходно не сум била поранешна Прва дама на САД. Но секогаш ќе бидам, на некој начин, ангажирана во јавната служба и јавниот живот. Кога ја напуштив мојата правна фирма за да работам за градот, никогаш не се свртев назад. Секогаш се чувствувам многу живо кога своето знаење и талент го користам за да помагам на другите луѓе… Спијам подобро навечер, се чувствувам посреќно. Па, ќе се вратиме на прашањата на кои работев тогаш. Прашањето е како да се вклучам во релизирање на тие задачи, од оваа нова платформа? -вели таа во интервјуто, насловено како „Првата дама во која се вљуби светот“.
Нема коментари