Во трката да стане прв американски конгломерат на луксузна роба компанијата на дизајнерот Мајкл Корс ја купи италијанската модна куќа „Версаче“ за сума од 2.12 милијарди долари. Донатела Версаче, сестрата на основачот на брендот Џани, засега не дава изјави, но се претпоставува дека на состанок со соработниците и вработените ја соопштила намерата за продажба. Пред продажбата семејството Версаче поседуваше 80% од брендот „Версаче“, 20% од акциите се на американскиот инвестициски фонд Blackstone. Договорот и превземањето ќе бидaт комплетирани до крајот на 2019 година. Со овој чекор и со купувањето на брендот Jimmy Choo Plc компанијата на Мајкл Корс станува ривал на најголемите модни конгломерати LVMH (Луј Витон, Диор, Фенди, Живанши, Селин, Кензо, Берлути, многу брендови на пијалаци, часовници и козметика) и Kering (Гучи, Баленсијага, Ив Сен Лоран, Бриони, Александар Меквин, Ботега Венета, Пума, брендови на накит), а ќе се преименува во Capri Holding.
Нема коментари