Актерот и оскаровец Метју Меконахи веќе неколку години е заштитно лице на парфемот The One на Долче и Габана, а во новата рекламна кампања за новата верзија на парфемот позира заедно со своите деца Леви и Вида. Кампањата ја слави радоста на семејниот живот, централна тема на последните колекции на италијанското дизајнерско дуо, а фотографиите ги направи Брижит Лакомб.
Нема коментари