Во секоја пора на земјата, во секоја капка од водата, во кората од дрвата, тревата, листовите, цветовите, во крзното на животните и пердувите на птиците се крие по една нишка што може да разбранува модна инспирација. Секој тон, форма и шара може да распламти имагинацијата и да создаде нов свет. Враќајќи се кон исконското, италијанската креаторка Алберта Ферети ја создала својата нова колекција за есен-зима 2014/15 , што вчера ја промовира на првиот ден од Модната недела во Милано. Колекцијата како излезена од некоја мистична приказна претставува метаморфоза на природата и жена. Во неа девојата/жената истовремено е изгубена, претпоена, но и себепронајдена. Можеби е скриена зад неколкуте слоја облка или зад комплексните материјали, но модно е откриена ставена на пиадестал. Моделите се камуфлирани со нијанси што ги среќаваме во природата, зменејни тонови, темнозелена,освежена со црвени, златни и портокалови елементи.
Нема коментари