Членовите на рок-хеви метал бендот „Металика“ се ѕвезди на новата кампања на италијанскиот бренд за класични машки костуми „Бриони“, како дел од новата стратегија за репозиционирање што ја воведува новиот креативен дирекор Џастин О’Ши. Со доаѓањето на О’Ши во брендот се претпоставуваше радикализација на елитистичката модна етикета, ангажирањето на металците од „Металика“ и тоа како е револуционерен потег. Џејмс Хетфилд, Ларс Урлих, Кирк Хамет и Роберт Трухило фотографирани се во елегенатни костуми и смокинг-одела, облека која е сосема поразлична од онаа што ја носат на сцена. Ама и покрај класичните костуми што ги носат, сè уште личат на себе и имаат хеви метал стајлинг и став. О’Ши ја најави првата ревија на „Бриони“ под негово водство на 4 јули во Париз за време на неделата на висока мода, а според кампањата со „Металика“, колекцијата ќе биде поробусна и помаженствена од вообичаено.
Нема коментари