Златните и сребрените тоалети, како и фустаните со светки и пулејки беа главната тенденција на модната парада на вчерашното доделување на музичките награди „Греми“. Ноќта во која со златни стауетки се закитија „Дафт Панк“, Лорди и Џеј Зи, во златно-сребрени тонови се облекоа Тејлор Свифт, во тесен фустан од ексклузивната линија на „Гучи“, потоа Криси Тајген, Сиера и Рита Ора, а светкави апликации имаше на тоалетите на Алиша Кис, Иги Азалеја, Амбер Роуз и Ана Кендрик. Втората тенденција беше црвената боја, како избор на Пинк, Наташа Бедингфилд, Глорија Естефан и кантри пејачката Миранда Ламберт. Кети Пери предизвика внимание со нејзиниот буквален превод на музички фустан – таа носеше креација украсена со музички ноти, дел од новата колекција на висока мода на брендот „Валентино“. Наградената Лорди избра готски иглед и се појави во долг црн фустан од предесенската колекција на „Баленсијага“, а црна комбинација од Александар Меквин облече и Синди Лопер. Највозбудлив изглед имаа машките изведувачи, почнувајќи од мистериозното дуо „Дафт Панк“, преку раперите Рајан Луис и Меклмор, Фарел Вилијамс во тренерка од „Адидас“ и необична шапка, и Џаред Лето од 30 seconds to Mars, кои се покажаа најинвентивни на црвениот килим.
Нема коментари