По две турбулентни години поради пандемијата и ланскиот настан кој се одржа во септември, поазнатата Мет Гала се враќа на својот вообичаен термин – првиот понеделник во мај. Мет Гала, големата модна забава која се оранизира пред отворањето на годишната модна изложба во њујоршкиот музеј Метрополитен, годинава е закажана за 2 мај. Во Институтот за костими при Метрополитен, ќе се отвори новата изложба „Во Америка: Антологија на модата“, која се надоврзува на првиот дел од изложбата со наслов „Во Америка: Лексикон на модата“, поставки кои ја слават американската мода.
Vogue го објави и дрескодот за овогодинешната Мет Гала – Gilded Glamour, односно модата од таканаречената позлатено доба што се однесува на периодот од крајот на 19 век во САД. На секогаш спектакуларниот црвен килим оваа година можеме да очекуваме различни модни интерпретации кои ќе вклучуваат луксузни комбинации на облека нагласени со капи, корсети, ракавици, слоеви, бои и екстравагантни детали. Инспирација е и новата популарна серија ‘Gilded Age’, која се случува во Њујорк во таканаречената позлатена ера.
Мет Гала е интернационално познат настан на кој се собираат најважните имиња од модата и светот на забавата, кој се организира во соработка со Институтот за костими и списанието Vogue. Секоја година внимателно се избрани ѕвездите, а самата покана се смета за пресиж и своевидно „одобровување“ од страна на Ана Винтур, главната уедничка на Vogue. Оваа година, покрај Метрополитен и Vogue, домаќини/ водители ќе бидат Реџина Кинг, Лин-Мануел Миранда и холивудската двојка Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Нема коментари