Припадничките на понежниот пол од денеска, 1 март, имаат можност да се вклучат во големата кампања на Рамстор Мол „Совршена жена“ која ќе биде активна во текот на целиот месец месец. Имено, овој месец трговскиот центар е во потрага по совршената и најинспиративната жена во вашиот живот која ќе добие подарок 7 дневно all inclusive патување за двајца со авион во Коста Брава, Шпанија.
-Сите имаме по една жена (сестра, мајка, баба, тетка, пријателка) – инспирација. Жена која не водела низ животот, која ни ги дала највредните совети, која ни помогнала кога ни било најтешко и која со искрена насмевка се радувала на сите наши успеси. Доколку имате некоја ваква личност во вашиот живот, сега можете и јавно да и се заблагодарите и да ја номинирате за патување во Шпанија – велат претставници од Рамстор Мол.
Номинирањето ќе се одвива на два начина преку официјалната facebook страна на Рамстор Мол и преку флаери кои ќе бидат поставени во трговскиот центар. Пријавувањето започнува денес и ќе трае се до 20.03. Најинспиративната жена ќе биде прогласена на 26.03 на голем настан на кој покрај доделувањето на подарок патувањето во Коста Брава, Шпанија ќе се одржи и модна ревија на која како модели ќе се појават пријавените совршени жени стилизирани од македонските модни блогерки. Во рамки на месецот на совршена жена, во трговскиот центар на 8.03 ќе се одржи јавна трибина на женски здруженија, а истиот ден за секоја сметка над 1000 денари направена во било која продавница во Рамстор Мол за дамите следува подарок.
Нема коментари