Иако чувствтвото кое го дава еден убаво уреден простор е прекрасно, избирањето и купувањето мебел кои претходат знае да биде доста напорно. Идејата зад „Март – месец на мебел” во Јавна Соба е да им се овозможи едно поинакво искуство на сите оние кои оваа пролет одлучиле да го уредат својот дом или работен простор. Имајќи секојдневна активност како дружење со пријателите на ручек или кафе, работа на лаптоп и доручек, оние кои ќе ја посетат Јавна Соба во текот на овој месец ќе може да ги почуствуваат естетиката и функционалноста на сите изложени парчиња мебел и можат да го пронајдат она што се вклопува во нивната замисла и да добијат попуст за истото.
Ентериерот на Јавна Соба е целосно уреден со македонски производи, каде и целта е сите оние кои со своите производи допринеле овој простор да е пофункционален и попривлечен заеднички пристапат кон домашната публика покажувајќи дека може да создадат уште многу пријатни и модерни ентериери.
“Креирајте ја атмосферата која сте ја замислиле за Вашиот дом, викендичка или канцеларија, поканете ги своите пријатели на дружење и одберете го она што на сите најмногу ви одговара. Купувањето мебел може да биде многу опуштено!” порачуваат од Јавна Соба.
Цел месец, секој ден од 09 до 24 часот во центарот за дизајн и иновации Јавна соба, каде може да се одбере парче мебел и расвета од: Софа Студио, Tворница, Кирче Стојоски, WE AND NAТURE, Feydom, Zavar Design, Urban Old, Spin Furniture, Lotus Lounge, Rinocca, Design mk, Modular, Vrchkovski Lighting.
Нема коментари