Славниот француски бренд задутре на телевизискиот канал France 5 ќе прикаже ексклузивен документарен филм, „Неподигнат багаж“, за Мерилин Монро и ковчегот дизајниран од „Луј Витон со кој познатата aктерка патувала по светот. Сега во сопственост на Марико Итакура, во Јапонија позната како Принцеза Тенко, ковчегот е еден од последните потсетници на приваниот живот на Монро. Тенко е колекционерка на филмскa меморабилија и на предмети што и’ припаѓале на актерката, а во документарниот филм таа ја истражува вистинската приказна за ковчегот од „Луј Витон“ пронајден пред повеќе од 40 години во еден магацин во Њујорк.
Нема коментари