Една од најиновативните млади креатори што работат на територија на Велика Британија, Мери Катранзу, изминатите неколку години се проби на сцената со своите уникатни креации со висококвалитени принтови. Нејзините фустани во А-форма испечатени со слики од цветни градини, пејзажи и графики станаа омилени меѓу ѕведните на црвениот килим… Но за сезоната есен-зима 2014/15 одлучила да отиде чекор понапред и принтовите ги замени со везени слики. Колекцијата, која ја промовира деновиве на Модната недела во Лондон, е инспирирана од вообичаените униформи што секојдневно ги среќаваме на улиците, како и симболите што се наоѓаат на нив. Текстурите се основа на нејзината линија. Моделите се украсени со разни ознаки, детаљи и тантела. Користен е и брокат, но и дебела тантела, врз која се нанесени украсите. Еден фустан од тантела има дури 750.000 шевови, а за изработка биле потребни дури 20 дена.
Нема коментари