Грчката дизајнерка која живее и работи во Лондон, Мери Катранзу, е победничка на наградите BFC/Vogue Designer Fashion Fund. Таа беше во конкуренција со Емилија Викстед, Холи Фалтон, Мајкл ван дер Хем, Осман, Софија Вебстер и Mother of Pearl. За победникот одлучи стручно жири во состав Александра Шуман, Каролин Раш, Мери Хомер, Џоан Барстајн, Наоми Кембел, Саманта Камерон и други. Задача на секој од финалистите беше да престави пред жирито своја колекција и работен план за следните пет години.
Vogue Designer Fashion Fund е основан во 2008 година со цел да понуди помош и поттик на дизајнерските надежи и да им овозможи професионален развој. Проектот го спонзорираат бројни британски компании меѓу кои се Burberry, Debenhams, Harrods, Paul Smith, Topshop и Vogue. Досега наградата ја имаат добиено Питер Пилото, Николас Кирквуд, Џонатан Саундерс, Кристофер Кин и куќата Erdem.
Нема коментари