Дизајнерката Мери Катранзу во соработка со веб-продавницата matchesfashion.com креира чанти по азбучен ред. Колекцијата на „tote“ торбите, под називот „Initials“, содржи 26 примероци. Секоја од чантите има по една буква од анлиската абецеда. Оваа лимитирана колекција е со силни бои и шарен принт, кој наликува на колаж на кои има мотиви од природата, разни животни, морски бранови, архитектонски детали и елементи од ресорт колекцијата за 2015 на Катранзу.
-За колекцијата инспирација најдовме во азбуката и во книжевноста. Сакав „tote“ чантите, дизајнирани екслузивно за matchesfashion.com, да бидат разиграни и забавни, принтовите да ги надминат границите на книжевноста и со својот визуелен јазик да раскажат некоја нова приказна-вели креторката.
Чантите ќе се најдат во продажба на 22 април, по 20 примероци од буква.
Нема коментари