Австралијанката Кејла Ицинс со 4.6 милиони следбеници на Инстаграм важи за глобална фитнес сензација која редовно открива фитнес вежби и планови на тренинг, но и своите навики за исхрана кои ги смета за исклучително важни за фит и здрав живот. Еве како изгледа еден нејзин ден. Се буди околу 5 часот, и пред да ги почне првите вежби во 6 часот, појадува најчесто јајца со интегрален тост, бидејќи наутро ѝ е потребна многу енергија. Наутро води неколку часови на вежби, потоа се шета со своите две кучиња и ужива на отворено барем еден час.
Следат деловни обрвски, дописи, средување меилови, постирање текстсови и фотографии, па потоа на реде е ручекот. Најчесто тоа е протеинска салата со туна, пилешко или сирење. Салатите ѝ се омилениот избор, бидејќи освен што се здрави, лесно се подготвуваат и може да се понесат со себе ако некаде се брзате. Во салатата става најчесто краставица, пиперка, нане, босилек, кромид и може додаде и киноа за да внесе доза јаглехидрати, кои ќе обезбедат енергија за целиот ден.
Помеѓу ручекот и вечерата Кејла јаде меѓуоброк кој најчесто се состои од житарки со јогурт и свежо овошје или само чинија исечено овошје. Таа вели дека Витаминот Ц од овошјето ѝ дава посебна енергија што ја држи будна преку целиот ден и истовремено го јакне нејзиниот имунитет.
За вечера Кејла бира оброци што навистина ги сака, како на пример пилешко со зелено кари, со додаток од интергрален ориз и зеленчук, печено говедско со зеленчук и киноа, или салата со лосос. Понекогаш сака да јаде авокадо исечено на парче леб, комбинација во чиј вкус ужива и ја развеселува на крајот на денот. Денот го завршува со релаксирање на нејзиниот кауч со шолја чај од камилица.
Кејла може да ја следите на нејзиниот Инстаграм профил, има и своја апликација (засега достапна само на iTunes), а на интернет ќе најдете и видеа со нејзините вежби.
Нема коментари