Прекрасна актерка и одлична комичарка, Мелиса Макартни признава дека долго време имала проблем да најде модерна и тренди облека во своја величина, па затоа одлучи да претстави сопствена колекција наменета за сите жени и за сите величини. Нејзината идеја е да се осмислат креации во кои и жените со вишок килограми ќе изгледаат модерно, елегантно и сексапилно. Наречена Melissa McCarthy Seven7 колекцијата содржи модерни туники, панталони со интересен дезен, фармерки и шик блузи, молив-здолништа и кошули со шари. Моделите се направени во вечини од 36 до преку 60, а најскапато парче ќе чини 150 долари. Колекцијата во САД и Канада почнува да се продава од септември.
Интересно е што Макарти отсекогаш се интересирала за креирање, пред да почне да се занимава со актерство студирала моден дизајн на FIT. Поради својата градба Мелиса многупати имала проблем да најде соодветна облека. „Често се разочарувам кога одам во шопинг. Пред две години кога требаше за се дотерам за доделувањето на Оскар, не можев да најдам облека. Прашав неколку дизајнери, пет-шест многу познати креатори, сите ме одбија“, вели актерката. Таа верува дека модата не завршува на величината 42, и дека и оние со покрупна градба може да носат весела и шарена облека, наместо постојано да бидат скриени под темна облека без форма.
Нема коментари