Ноктите со нежен француски маникир во nude нијанса се класика, секoгаш проектираат слика за уредност и внимателна нега. Последниве сезони актуелен е таканаречениот млечен маникир, односно нокти обоени со лак во млечно бела или розова боја, кој обезбедува „кремаст“ финиш, а неретко лакот е нанесен во тенок слој кој допринесува за транспаренетен изглед.
А за за повеќе впечатливост на млечната база се додаваат златни детали во вид на линии околу работ на ноктот, некој мотив насликан во минималистички манир, ненападни апстрактни шари, ѕвезди и точки, а за новогодишен изглед малку повеќе злати светки.
Нема коментари