Младата модна дизајнерка Melani Digit на 7 јули (петок) со почеток во 20 часот ќе ја промовира својата нова колекција наречена BIOS CODE во скопското арт-кафе „Концепт 37“. На изложбата, која ќе биде од продажен карактер, ќе бидат претставени и фотографии едитирани од различни автори и концепти со парчиња од колекцијата.
Линијата BIOS CODE се состои од унисекс и женски парчиња. Mашка маица истовремено може да биде и женски фустан. Користени се црната и сината боја за материјал, како тонови преземени од екран и bios кодови како принт.
Melani Digit е мултимедијален уметник, моден дизајнер, диџеј, перформер и продуцент. Изложбата ќе биде проследена со диџеј сет од самата авторка.
1 коментар
Лик со многу креации и успех. Едно големо браво за Мелани