Колекцијата Skyline 2016, новите модели на Rouge Dior кармините, како и парфемот Miss Dior се дел од производите на легендарната француска модна куќа „Диор“, чиј перформанс и сторија беа презентирани вчера во Скопје. На ексклузивната средбата со новинарите во новиот објект на Македонскиот Народен Театар мејкап артистот на „Диор“, Krzystof Chris Nadziejewiec, покрај за новите прозводи зборуваше и за новите трендови во шминкање. Тој оваа титула ја има добиено од Dior Backstage про-тимот, кој го сочинуваат 12 најдобри мејкап артисти на модната куќа Christian Dior.
Nadziejewiec изјави дека новите производи ќе дадат нов патоказ во светот на декоративната козметика. Peter Philips, креативниот директор на Dior Makeup, инспириран од архитектурата на Париз т.е од Ајфеловата Кула ја креира колекцијата Skyline 2016 која содржи пет водечки makeup адути во кои сите ќе го најдат своето задоволство. Оваа есен Dior по долго време планирање ни ги претставува и новите Rouge Dior кармини на кој никој не би останал имун. Со нова формула добиена од Peter Philips и нови нијанси вкупната бројка на овие кармини го достигна бројот 50, од кои четири сосема нови мат нијанси.
Фото: Stylist.mk
Нема коментари