Со своите едноставни, женствени и шик креации, Меги Гиленхал, Сара Џесика Паркер и Наоми Вотс го украдоа модниот фокус на првиот ден од Модната недела во Њујорк. Гиленхал и Паркер се појавија на шоуто на Гарет Пју, како синхронизирани, во фустани во трендовската индиго-сина боја, секоја во модел во свој стил. Актерката актуелна со мини-серијата The Honourable Woman, блесна со елегантен модел до колена, со долги ракави и патент на предниот дел каде што има и карнер, долж целиот фустан.
Ѕвездата на „Сексот и градот“ носеше еден од моделите што ѝ се заштитен знак, во стилот на 50-тите години, со интересен графички принт со неонско зелана и црна шара, комбинрано со мала црна чанта и сребрени високи потпетици. Двете актерки имаа едноставни фризури и минимална шминка, Накиот речиси беше изоставен.
На истиот настан впешаток оставија Амбер Валета, со необичен црн-темнозелен фустан разигран со реси, кои ја даваат формата, како и Коко Роша и Кара Сантана, двете во интересни и модерни верзии на класичниот црн фустан. Првата во молив форма до колена со отвор околу стомакот , а втората со прерамки и тантела. Од својот боемски стил со модели со нагласен волумен не отстапија сестрите-близначки Ешли и Мери Кејт Олсен.
На настанот на кој младиот дизајанер Џозеф Алтузара вчера во Њујорк ја одбележа својата соработка со high street брендот Target, поддршка му дадоа повеќе холивудски актерки , но најголем внимение предизвика Наоми Вотс со својот беспрекорен изглед. Четириесет и петгодишната глумица се појави во црвен фустан со преклоп до колена, со длабоко деколте. Го искомбинирала со црна клач чанта во вид на кутија и со шик сандали.
Покрај нејзе тука беше и Кери Расел, која е актуелна со летниот блокбастер „Планета на мајмуните“, таа носеше покежуал комбинација, молив фармерки, маслинесто зелен мантил и крем високи потпетици, наликувајќи на ликот што го толкува во серијата „Америкаците“. Забележителна беше и Иванка Трамп со краткиот црн фустан со пончо и Наоми Харис во фустан со змиска шара.
Нема коментари