Во првото јавно појавување во 2019 година на Војвотката од Сасекс беше објавено дека четири институции во британското кралство ќе бидат под нејзино покровителство. Таа од Кралицата Елизабета II го превзема покронителството на Националниот театар, но и на организацијата Smart Works која им помага на невработените жени со совети и снабдување на деловна облека.
Војвотката денеска ги посети канцелариите на Smart Works во Лондон и се сретна со неколку жени на кои им даде поддршка и со модни совети. Во големиот гардеробер на организацијата, Меган одбра гардероба и модно додатоци за да се комплетираат стајлинзи за жени кои им треба квалитетна гардероба за на интервју за работа. Таа исто така разговараше и со жените за тоа како да се подготват за интервју кога бараат работа.
Во Smart Works корисниците можат да добијат целосна облека, но и имаат пристап до персонализирана обука која ќе им користи во понатамошниот професионален и личен развој.
Нема коментари