Меган Маркл денеска се венча со британскиот принц Хари во капелата „Сент Џорџ“ во замокот Виндзор, облечена во елегантна венчаница дизајнирана од Клер Вејт Келер, креативната директорка на „Живанши“. Свилената креација е со чисти линии и со благо спуштени раменици, и сосема се вкломува во софистицираниот модерен стил на Меган.
Венчалниот изглед беше дополнет со дол вел со нежен цветен вез, кој ја отсликува флората на сите држави на британскиот комонвелт, а врз велот Меган носеше дијамантска дијадема позајмена од кралицата Елизабета. Дијадемата е направена во 1932 година, а во неа е вметнат брош кој во 1893 година ѝ бил подарен на кралицата Мери.
Нема коментари