Војвотката од Сасекс неколку месеци ја подготвуваше модната колекција Smart Set која што ја реализира со неколку британски продажни брендови како Marks & Spencer, John Lewis, Jigsaw и со дизајнерската и нејзина пријателка Миша Нону. Идејата е да претстави модни парчиња кои што можат да ги носат деловните жени со помал буџет и од чија продажба ќе се помогне на хуманитарната организација Smart Works. Меган е покровител на оваа невладина организација која им помага на жените од ранливите категории со совети и разни вештини како да најдат работа. Има и еден моден елемент – Smart Works им обезбедува и деловна облека.
Меган Маркл колекцијата ја лансира вчера во Лондон и на настанот се појави во црни панталони и едноставна бела кошула, дел од колекцијата. Smart Set содржи и фустан од 20 фунти од Marks & Spencer, чанта од 109 фунти од John Lewis, кошулата е на Миша Нону, а има и јакна (£199) и панталони (£120) од Jigsaw. Меган организира и фотосесија за моделите од Smart Set колекцијата, во која позираат жени клиентки на услугите на Smart Works.
Колекцијата беше вчера лансирана и се продава одлично. Некои парчиња се веќе распродадени. За секоe парче купено за време на продажбата на колекцијата, која се очекува да трае најмалку две недели, едно исто ќе биде донирано во Smart Works.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари