Актерката Меган Маркл за првпат јавно зборува за едногодишната љубовна вска со британскиот принц Хари, кого во ексклузивното интерву за Vanity Fair го ословува со „дечко ми“. Таа се појавува на насловната страница на октомврискиот број на познатиот магазин, а сними и цел едиторијал со славниот фотограф Питер Линдберг.
Триесет и шест годишната Меган е позната по улогата во телевизиската серија Suits, која има свои фанови и во Македонија, но стана планетарно славна откако минатата есен беше откриено дека е во врска со Хари, помалиот син на принцезата Дајана.
-Ние сме двајца луѓе кои се навистина среќни и во љубов. Тивко се забавувавме шест месеци пред да се открие нашата врска, за цело тоа време јас работев, а единственото нешто што се промени беше перцепцијата на луѓето. Ништо за мене не се сменило, јас сум сè уште истата личност, и никогаш не сум се дефинирала според врската – вели Маркл во интервјуто за Vanity Fair.
Меган и Хари веројатно во еден момент си го поставиле прашањето како ќе функционира нивната врска, тој во Лондон, таа во Торонто каде што се снима серијата Suits. Исто така прашање е како ќе ја прифати британската јавноста и дали е доволно добра за потенцијална нова принцеза – не само што нема аристократско потекло, таа е Американка, неколку години постара од Хари, разведена и полуцрнкиња.
Двојката молчеше за нивната врска сè додека Хари минатиот ноември не објави соопштение во кое ја потврди врската и ги опомена папараците дека ја загрозуваат безбедноста на Маркл. Тој, исто така, ги осуди расистичките и сексистичките коментари на социјалните мрежи упатени кон Меган. Хари наводно за оваа љубовна врска има одобрение и од баба му, кралицата Елизабета II, и се претпоставува дека до крајот на годината принцот и Меган ќе ја објават свршувачката.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари