Наспроти старовремското правило дека црвената и виолетовата (или розова) не одат заедно во една комбинација, модните познавачи постојано си поигруваат со оваа колор-блок комбинација. Креаторите често ја уфрлаат во своите комбинации, реферира и на модата од 80-тите, а денеска Меган Маркл нè потсети колку шик и кул е црвено-виолетовиот спој. Меган се појави облечена во ваква колор-блок комбинација – темновиолетов фустан и црвен капут. Медиумите дури и пронајдоа една фотографија на која прицезата Дајана, мајката на нејзиниот сопруг принцот Хари, носи комбинација во oваа колор-шема.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари