Следи периодот на матурски вечери и доколку немате идеја за матурски стајлинг може да се пријавите на настанот „Матурско кралство“ во организација на „Скопје сити мол“ и познатата стилистка Цаци Паковска. Заинтересираните може да се пријават на кастинзите што се одржуваат секој вторник и сабота, до 18 мај, од 18.30 до 10.30 часот во посебниот агол на „Стилисимо“ на влезот на „Скопје сити мол“, а кастинзите се отворени не само за девојки, туку и за момчиња. Кастинзите веќе почнаа, а најсреќните кои ќе бидат избрани ќе добијат комплетна матурска преобразба (бесплатна облека, шминка и фризура), односно комплетен изглед стилизиран од Паковска.
-Интересен момент е што во целата оваа матурска преобразба имаме еден многу важен предизвик, а тоа е како да успееме со ограничен буџет и можности да направиме комплетен стајлинг. Целиот процес на разубавување ќе се прикаже во модната емисија „Стилисимо“, ни рече Цаци Паковска.
Нема коментари