Тенденцијата да ја облече жената за секоја пригода, шпанскиот моден бренд ја дополнува со линија наменета за иднита мајки. Додека ја очекуваат приновата жените често се среќаваат со проблем да најдат соодветна модерна и удобна облека. Затоа брендот им излезе во пресрет, создавајќи специјализирани модели за секодјневен и вечерен изглед. Линијата ќе биде достапна во речиси 160 продажниместа во околу 86 земји, а ќе може да сенарача и преку онлајн продавницата на брендот. Моделите се со трендовски кроји што е најважно, со цена што можат да си ја дозволат повеќето. Користени си удобни материјали, како памук, кој лесно се прилагодува на сите форми на телото, па може да се носат во сите стадиуми од бременоста.
Брендот Манго, кој е основан 1984 година во Барселона, покрај линијата за жени и оваа за трудници, има посебни колекци за деца, мажи, како и линијата Violeta со облека со поголеми броеви.
Нема коментари