Ако барем малку ги следите трендовите веќе знаете дека кадифето е голем хит оваа сезона, го има на облеката и на модните додатоци, но кадифен ефект може да се постигне и со помош на шминката. Веќе некое време присутни се кармините кои нудат кадифен ефект и ваквите мат кармини може да се најдат во понудата на повеќето козметички брендови – од Bourjois и линијата Rouge Edition Velvet, преку Perfectly Matte Lipstick на Avon, до Aura и Goleden Rose кои нудат поевтини, но доволно квалитетни производи. Ги има во вид на класичен кармин или како течен кармин, во бои од нежни бежови до темно бордо, богато се пигментирани, повеќето имаат долготраен ефект, а само треба да се внимава одвреме навреме да се нанесе нов слој затоа што вообичаено мат кармините брзо ги сушат усните.
Нема коментари