Имате ли смелост зимава да носите дречливо виолетов кармин со мат ефект!? Оваа тенденција што се појави на модните писти веднаш се префрли на црвениот килим и уличната мода, а во игра се неколку нијанси – од светло виолетова со розова основа, преку интензивна боја на циклама, до темен тон на виолетово. Всушност, актуелни се неколку нијанси кои може да ги употребувате зависно од пригодата, возраста, бојата на тенот и, се разбира, сопствениот имиџ. Но, највозбудлива е онаа флуорецентно виолетова боја со мат ефект што проектира модерност и стилска смелост. Кога сакате акцентот да го ставите на усните, одберете впечатлив кармин, а за почетна инспирација пример нека ви биде изгледот на Ема Стоун, ревиите на Дајан фон Фурстенберг и производите на Ив Сен Лоран.
Нема коментари