Модната дизајнерка Јована Филиповиќ ќе одржи мастерклас на тема „Креирање на моден бренд“ на академијата „Џолев и уметностите“. Мастеркласот е закажан за 24 април и трае три дена. Програмата на „Креирање на моден бренд“ ќе ги посочи учесниците како да го изберат вистинскиот пат во кариерата или да градат сопствен моден бизнис преку примена на специфични теми, лични искуства и знаења. Ќе им помогне да ги разберат сопствените вредности и да ги применат истите при наоѓање на пракса, работа или започнување на сопствен бренд.
Во текот на мастеркласот ќе биде презентирана корисна литература, видеа и задачи кои ќе помогнат при дополнително разјаснување и зајакнување на научените техники и вештини.
Програмата е препорачлива за студенти на моден дизајн и моден бизнис, модни дизајнери заинтересирани да додадат менаџерски аспект на нивниот естетски пристап како и за професионалци со искуство во модната индустрија.
Повеќе информации за мастеркласот и програмата на овој ЛИНК.
Нема коментари