Модниот бренд Масимо Дути претстави пролетна лимитирана колекција за оние што сакаат да носат безвременски пролетни парчиња и преферираат минималистички израз. За пролет 2021 брендот ја претстави капсулната колекција преку фотосесијата On the Horizon, а издвоивме неколку комбинации и креации – широки ленени кошули и панталони, беж мантили и долги парка-јакни, фустан со качулка, модели од трикотажа и миди здолниште од кожа. Материјалите се природни како лен, памук и кожа, а боите неутрални и смирени – бела, црна, тегет, светлокафена и загасито црвена.
Нема коментари