Познат по својата флексибилна издржливост, џинсот го обзеде модниот свет кога Леви Штраус го лансираше првото парче облека од тексас. Сè уште култен денес, џинсот не губи на популарност, овие денови заедно со големите етикети кои го промовираат враќајки го на основите на иконичниот изглед на „двоен тексас“, тој е повторно стана актуелен тренд. Јасно е дека џинсот е тренд кој никогаш нема да замине.
Една од најдобрите карактеристики на џинсот е фактот што има толку многу стилови од кои може да се избира. Се зависи од потребата за одредени пригоди, според сопствената активност во текот на денот. Формалните пригоди би требало да ја откријат порафинираната страна од вас, а џинсот би требало да го надополни тоа. Тука црниот и темен џинс е силно препорачлив, а за добитна комбинација фармерките комбинирајте ги со убави чевли.
Од друга страна, порелаксираните пригоди би изискувале удобен пар со многу џебови и можност за слободно движење во нив. Убаво би било кога би се искомбинирале со колан во друга боја, што само би покажало колку џинсот може да биде поинаков со различни колористични комбинации.
Монохроматскиот изглед полека бледнее и најлесен начин да се одалечува од изгледот на „двојниот џинс” (тексас фармерки + тексас јакна или тексас фармерки + тексас кошула) е со превземање на две колор шеми кои се во контраст една со друга. Заедничката комбинација е црното палто и избледениот џинс или пак обратно. Контрастот со џинс е сега дури и полесно да се постигне од кога колоритниот џинс стана сè популарен тренд на пазарот.
Со цел ова да се изведе правилно, основно е она што се носи одоздола да биде во контрасна боја. Белата е секогаш сигурна варијанта, но кошула или маица во сива или смарагдно зелена боја е многу подобра опција. Останати бои кои доаѓаат предвид се жолта, портокалова и лимета-зелена. Oва исто така може да биде аплициранао и на чевлите, па дури и на модните додатоци, за подобар баланс во колор шемата.
Модата се однесува на тоа да се изгледа добро и да се чуствувате добро, но и да биде забавно со неа. Експериметирањето е најдобар начин, а џинсот еден од најблагодарните парчиња за тоа.
Нема коментари