Трендот на женска облека инспирирана од машките парчиња и кроеви продолжува да го држи вниманието на дизајнерите. Но, со воведувањето на клучните „бојфренд” парчиња во женската гардероба не значи дека треба да се потисне сопствената женственост. Всушност, сосем спротивно. Постои нешто моќно во тоа кога една жена ја покажува својата фигура во структурирано палто, чифт панталони со машки крој, надоградено со свилени шамија-вратоврска и високи потпетици за шик и женствен пресврт.
Стилот на машка облека создава подобро опции за работно место, каде жените настојуваат да одржат чувство на професионализам и удобност. Костимите инспирирани од смокингот се омилени меѓу стилските гуруа кои ги спаруваат палтата инспирирани од машкиот смокинг и правите панталони со снежно бели топови со јаки.
Долгите укроени палта се уште едно парче облека кое е земено како реплика од момците. Овие палта служат како фокусна точка за секој комплет и изгледаат одлично комбинирани со џинс за многу порелаксиран изглед или пак со силно колоритни панталони.
Исто така се забележуваат модерни жени по улиците кои носат шапки и додатоци со кои креираат посебна префинетост. Трендот не мора да значи и постојано преземање парчиња од машкиот плакар, доволен е и волнен џемпер со V-израз или предимензиониран сопствен твидов блејзер. Овој рафиниран тренд е совршен за корпоративна средина. И тоа не се однесува на родовата еднаквост, туку на модата.
Нема коментари