Зимските температури диктираат носење на топла облека, ролката е едно такво топло модно модно парче кое е неизоставен дел од есенско-зимската мода, кај жените, но секако и кај мажите. Се носи под сакоа, капути, кожени јакни, но за доза на елеганција за во канцеларија, дневно излегување, празнични забави или други пригоди, ја предлагаме комбинацијата на ролка со елегантно сако.
Оваа комбинација со децении е класика во зимската гардероба, особено беше популарна во 60-тите и 70-тите години, а е актуелна и сезонава. Тенка или подебела, црна, сива или во некоја друга неутрална нијанса, ролката се вклопува со различни стилови, одговара на секоја возраст и подеднакво добро изгледа со лежерено штофено сако и со вечерен смокинг модел. Во студените денови, врз овој микс од ролка и сако, ќе додадете и капут или топла јакна.
ЧИТАЈТЕ: Ролката неизоставен дел од машката зимска гардероба
ЧИТАЈТЕ: Ролката база на зимската мода
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари