Модниот бренд Манго е доста популарен кај нас, после повеќе години на домашниот пазар се нудеше само женската колекција, од неодамна брендот ги носи машката и детската колекција. За модерните мажи и момци за претстојниот период предлага колекција која е спој на традиционална машка облека и современи трендови во спортски дух. Спакувана во кампањата наречена Neutral Goodies, во колекцијата забележуваме класични и модерни стилови со доза на лежерност – џемпери со полузакопчување и со морнарски пруги, дебели кошули и дуксери, пролетни јакни и мантили, разни видови панталони, сакоа и патики. Палетата на бои е неутрална, со нијанси на бела, беж, кафена, сива, тегет и црна. Колекцијата е новата понуда за пролет-лето 2022, но поголем дел од модните парчиња се одлични за крајот на зимата и почетокот на пролетта.
Нема коментари