Летото би можело да биде фрустрирачки тежок период за оние мажи кои милуваат добро облекување. Преку зима повеќеслојноста е императив кој додава и на текстурата и на карактерот на секој аутфит, и едно силно парче облека одозгора може моментно да го прикрие неатрактивниот изглед, надоградувајќи го инстантно. Наспроти тоа, топлото време диктира летните комплетирања да се редуцирани поради високите температури, што остава помалку простор на креативноста. Машката облека и онака е лимитирана на неколку парчиња, па комбинациите со обичните маици, поло маици и шортсевите многу бргу стануваат здодевни. Но како и секогаш, ѓаволот се крие во деталите. Топлите месеци од годината можеби ја немаат привилегијата на повеќеслојност, но сè уште постои можноста да се индивидуализира секој изглед со вистински одбраните додатоци. Сезонски соодветниот избор нуди на еден лесен начин да се изгледа убаво без да се жртвува удобноста. Марамата околу вратот како моден додаток е еден од водечките трендови кај машките додатоци за сезоната пролет-лето 2015. Веќе неколку години наназад марамата околу вратот е подложна на мала ренесанса иако се чинеше на почетокот дека ќе излезе од мода толку бргу колку што и пристигна. Сепак, ова лето, индустријата е поставена така да ја обнови својата љубов со ова најбоемско парче, и повторно се враќа на машкиот радар. Ова мало парче ткаенина додава самоуверост на секоја едноставна кошула или шортс комбинација. Завиткани ракави, некое подоткопчано копче и заокружено со антилоп мокасини навистина може да го надогради изгледот. Но, марамата околу вратот не мора да биде резервирана само за лежерниот изглед. Обидот да се спари со лесно, сезонски прилагоден костум, може да биде забележлива алтернатива на вратоврската без да задушува. (С.Ј.Б.)
Нема коментари