Италијанската луксузна модна куќа „Гучи“ денес објави краток филм за кроењето на машка облека, режиран од Реми Паринго и по сценарио на Саша Ринг, Патрик Кристенсен и Ања Плашг, а во кое го гледаме манекенот Клемент Шамберно како патува низ Лондон, Њујорк и Токио облечен во совршено скроени костуми од брендот. Кампањата за машкото кроење ќе биде ексклузивен партнер на програмата Elite Escapes на CNN, која ќе почне да се емитува од 1 септември и ќе биде посветена на ексклузивни туристички дестинации и културни искуства од целиот свет. „Гучи“ во следните две недели на своите социјални мрежи ќе се посвети на машката мода и на тајните на корење на машкиот костум, а по овој краток филм следат видео портрети на познати машки икони од целиот цвет.
Нема коментари