Машката колекција за лето 2015 на шпанскиот бренд Springfield нуди спортски парчиња, природни, етно и сурферски мотиви, геометриски форми, црно-бели комбинации и стилови инспирирани од 60-тие и 70-тите години. Доминираат кошули и маици принт, летен џинс, памучни бермуди, но и одличен избор на шорцеви и костими за капење со тропски шари и во интензивни бои.
Игра
Овој дел од колекцијата се одликува со спортски елементи со бои и детали од 60-тите години, од полутонови и пастелни бои, ретро-спортски стил со современ и чист изглед. Целосни принтови и природни мотиви, геометриски форми и маички со написи. Инсипрација од тениските терени за забавен и урбан изглед. Лесни материјали, шорцеви и бермуди, поло маички, кошули со различни бои на бела основа, чорапи до глужд и капчињата се задолжителнопарчеза оваа сезона. Ветровки во светли, неонски нијанси во комбинација со спортски патики.
Живописност
Микс на боемски и авантуристички стил, каде доминираат етно шарите. Топли и веге-бои со контрасти кои придонесуваат за изразено декоративна облека. Присутни се и принтовите со хипстерски-етно стил. Веге боите се комбинирани со темни и црни основи со различни текстури. Црн тексас, шарени патики спремни за патување, панталони од кафеаво-жолтеникава ткаенина, сафари зелена боја, совршени за нови истражувања, но со урбан шмек. Кошули изработени од грубо платно. Пет-џебни избледени бермуди во комбинација со тропски дезени во темни бои.
Потрага по дивината
Лежерено забавно лето, исполнето со многу бои и твист од 70-тите, надополнето со поп-сурферски дух. Индиго и орнаментните шари, како и зелени нијанси и топли бои претставени на светла или бела основа. Избледените парчиња облека придонесуваат за добивање на различен изглед со мермерен ефект и истите се есенцијални за оваа колекција. Избелен тексас и различни парчиња ткаенина даваат контраст на еднобојните кошули кога заедно се комбинираат. Етно-сурферските мотиви, разновидните принтови и маичките со интересни слогани ќе направат да се издвоите од останатите. Доколку сакате лежерност во облекувањето, популарни се XL широките и долги маици.
Црно + Бело
Нов, современ, урбан, модерен, секојдневен летен стил. Едноставен и чист изглед со нови форми и размери. Маички и долги кошули за секојдневен изглед. Облекувањето во слоеви е суштинско, со што ќе ги истакнете новите пропорции на шорцевите и панталоните со спортски детали. Геометриски и оптички принтови, маички со поголема должина и слим-фит бермуди.
Нема коментари