Модната куќа „Гучи“ ја престави машката колекција за пролет-лето 2016 на Миланската модна недела, под водство на неодамна назначениот креативен директор, Алесандро Микеле. Италијанскиот дизајнер за „Гучи“ предлага ремикс на ретро стилови од 70-тите, преку транспарентни кошули од тантела, звонести панталони, костуми со смел цветен дезен и референци преземени од женската гардероба како кошули со карнери околу вратот, панделки, вез и плетиво. Микеле дизајнира и низа на мантили од кожа, во интензивна боја или со логото на брендот, свилени креации со ориентален вез, а од модните додатоци внимание предизвикаа големите дезенирани чанти, тенките марами со цветна шара и летните обувки.
Нема коментари