Пуловери, џемпери, кошули, костуми, палта и панталони со едноствен крој се дел од пролетната машка линија на шведскиот моден гигант H&M. На промотивните фотографии моделите ги носи манекенот Ваутер Пилен. Тоновите се класични (сива, крем, темносина, црна и зелена) , но освежени со пастелни нијанси и црвени детали. Тука се и тесните кравати кои дискретно го надополнуваат изгледот. Од кошулите понудени се бели, едностни модели, парчиња со каро-шара како и примероци со различно обоена крагна (син дизајн со бела крагна).
Нема коментари