Префинета класика, безвременски шик, едноставни кроеви и исклучително квалитетни ткаенини и изработка се заштитниот знак на шпанскиот бренд Massimo Dutti. Овие стилски фактори не се исклучени ни од мартовскиот лукбук во кој доминира привлечна палета на бои, класични креации и шик модни додатоци.
Во мартовскиот каталог брендот Massimo Dutti презентира комбинации од сино сако и панталони, лежерни бели блузи, женствени парчиња во беж и светло кафена боја, пролетни плетива и јакни со кратки ракави од велур и памук. Пролетта е незамислива без класичен беж мантил, како и без ленени маички и лежерни панталони во светли бои. Облеката е стилизирана помош на шареми марами, златни ѓердани, големи чанти и ниски сандали.
Нема коментари